ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, НО НЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА: ГРОМ бара фер услови за влез во НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија одамна ги исполни сите услови за прием во НАТО, а граѓаните сакаат, заслужуваат и треба да бидат во семејството на најголемата воено-политичка организација, но, цената за тоа треба  да биде подеднаква и фер како и за останатите земји членки, порачува ГРОМ.

 

– Генералниот секретар на Алијансата Столтенберг, вчера уште еднаш јасно и недвосмислено ни соопшти: Македонија е добредојдена и одамна подготвена да влезе во НАТО, но, тоа треба да го направи со име прифатливо за двете страни, Македонија и Грција. Би рекле идентичен, ниту милиметар поместен став од оној во 2008 година, кој им беше укажан на тогашните претседател и премиер на државата во Букурешт, а како минавме тогаш  на сите ни е добро познато, рече потпретседателот на ГРОМ, Љупчо Пренџов на денешната прес-конференција.

Истите приказни, посочи, што Расмунсен му ги кажуваше на Груевски, сега Столтенберг му ги кажува на Заев.

– Нова е само еуфоријата на Зоран Заев кој  се зафати со уривање огради и броење слики и кој создаде лажна надеж кај граѓаните на Република Македонија. Заклучокот е дека Република Македонија во изминатите  десет години  е со целосно исполнети НАТО стандарди, односно  со сите политички и воено-безбедносни  услови во одбраната, а единствена пречка ни е Грција која бара промена на нашето уставно име, рече Пренџов и додаде дека нашиот јужен сосед сака земјава да биде примена во НАТО, но без зборот Македонија во нашето име.

Нагласи дека колку што НАТО и е потребен на Македонија, толку Македонија и е потребна на Алијансата, пред се, поради се поголемото руско влијание во регионот.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This