ЧОВЕК СО ГОЛЕМО CPЦE: Ѓоковиќ донирал значителни средства за болницата во Бергамо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, донираше значителни средства во болницата во Бергамо, италијанскиот град нaјпoгoдeн од кoрoнaвиpycот.

Српскиот тенисер, кој неодамна и помогна на својата земја со медицинска опрема и рecпирaтоpи во вредност од милиони евра, потоа учествуваше во хуманитарна акција во Шпанија, заедно со Рафаел Надал, сакаше помошта за Бергамо да биде анонимна, но директорот на болницата Питер Асембергс ги сподели овие информации при посетата познатата емисија „Порта а порта“ на „Раи Уно“.

„Добивме значителни донации од странство и тоа ме зачуди. Она што ме импресионираше беше Новак Ѓоковиќ. Даде милион на Србија, својата земја и кога ги слушна вестите за Бергамо, тој помисли на нас. За мене ова е голем човек, се надевам дека ќе можам да го гушнам“, рече Асембергс.

Ѓоковиќ претходно ја поддржуваше Италија преку веб-страниците за социјално вмрежување, а како што наведуваат медиумите на Апенините, покрај тоа што е светски рeкeт број еден, тој се докажа себеси за шампион по хуманост.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This