„Чуваркуќа јајце“: Дали знаете што треба да направите со најважното јајце во домот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес е Велика Сабота, денот пред Велигден кој за некои од домаќинките подразбора и фарбање на велигденски јајца кои ги подготвуваме за недела.

Секој со своите обичаи и традиции, некои јајцата ги бојадисуваат на Велики Четврток, денот кога задолжително се фарбаат барем три црвени јајца, а дел од домаќинките, останатите јајца ги вапсаат на денешен ден.

Постојат многу техники на фарбање јајца, но во секој дом неизбежно е боењето на барем едно јајце во црвена боја. Како што црвената боја е боја на Велигден, таа ја симболизира невино пролеаната крв на Исус Христос.
Обичај кај нас е првото јајце да се обои во црвена боја. Тоа се нарекува „чуваркуќа“ и се чува цела година и како што и самото име вели – ја чува куќата и домот.

За ова јајце се верува дека ги тера лошите сили и демони од куќата и домашните, односно дека ги чува од сите лошотии и несреќи.

Во некои краеви на Балканот, „чуваркуќата“ се чува и до наредната година, додека не се обои ново јајца. Кога ќе се обои нов чувар, стариот се фрла по река, да ги однесе сите несреќи кои паднале на него, наместо на куќата која ја сочувал.

Од друга страна некои кои имаат двор, го почитуваат обичајот да го закопаат минатогодишниот „чуваркуќа“ во земја под дрво кое сакаат да е плодно.

Кога ќе осамне велигденското утро, домашните прво се омрсуваат со јајца. Три дена, колку што трае и Велигден, сите си разменуваат јајца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This