ЧУДО ВО ХРВАТСКА: Реката почна да исчезнува после земјотресот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потресот од 4,2 степени кој во саботата беше регистриран во Босна и Херцеговина практично ја проголта реката Врљика во Хрватска.

Како што јавуваат локалните медиуми, 12 часа по потресот реката загубила цел метар од својот водостој. Во текот на изминатите два дена водата од која зависат голем број домаќинства продолжила да се повлекува.

Бидејќи ја користат за пиење и за наводнување, жителите ги алармирале властите кои вчера најавија дека во течението на реката ќе испуштат вода од локалната акумулација, за да го заштитат живиот свет, во надеж дека водата која се повлекла повторно ќе се врати.

Хрватските медиуми пишуваат дека сличен случај имало и во 2004 година кога по земјотрес, земјата ја повлекла водата во својата утроба, а реката целосно пресушила. За среќа по 10 дена се вратила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This