Чeствувaњeтo на брaнитeлитe на Мaкeдoниja, приopитeт на ВМРO-ДПМНE

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи свој приоритет чествувањето на жртвата на бранителите од 2001 година, но и споменот за сите оние кои го дале својот живот за Македонија.

На денешното положување на цвеќе во спомен на паднатите бранители од Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочи дека ќе го подигне нивото на чествување на оние кои што го дале својот живот за Македонија, доколку ВМРО-ДПМНЕ формира влада.

– Апсолутно еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада во Македонија ќе биде токму тоа, да на достоинствен начин ја чествуваме жртвата на нашите предци и на луѓето коишто животот го положиле за денеска ние ова што го живееме, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава по положување на цвеќе на споменикот на паднатите бранители во Прилеп.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This