Шабан Трстена кон Марко: Браво мали, ти си шампион, но твоето здравје е најважно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марко Пејчиновски од Охрид синоќа реши да се откаже од својот замислен подвиг, пливајќи триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид, поради бо лки во ногата.

И покрај тоа, македонската јавност упати низа позитивни коментари кон Марко, а охрабрувачки зборови дојдоа и од олимпискиот шампион Шабан Трстена, кој мирно го набљудува спортскиот развој на Марко.

„Браво мали. Малиот Марко е шампион и останува за мене шампион заради неговата идеја да помогне на млади болни деца, иако не успеа да го преплива маратонот во триаголникот Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид, во должина од 64 километри, поради болки што имаше во ногата. Сепак детото пливало 12 километри, минувајќи во водата 5 часа без ниту една минута пауза. Замислите ох народе, тој има само 13-години и го ризикува свој живот само да помогне од хумани причини на лицата со ретки бо лести.

Навистина мали, ти имаш големо срце на овие 13 години, што си размислил со твоја идеја и визија како да помогнеш луѓе кои се бо рат за нивното здравје. Затоа си шампион и охридски херој. Мали, јас сум оптимист дека ти во иднина ќе го реализираш овој твој сон.

Браво за тебе, затоа што покажа голема храброст и со твојата хуманост си пример за многу богати луѓе. На крај, сакам да им порачам мојот совет на сите тие што работат со Марко, дека тој е сепак малолетно дете и грижата е голема и одговорноста припаѓа на вас. Затоа ве замолувам за сите подвизи на Марко, претходно да имате согласност од стручни лица во пливање, лекари и експерти кои ќе дадат позитивно мислење за вакви големи проекти. Да не заборавиме дека здравјето на Марко е најважно од сите негови подвизи“, вели Трстена.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This