Шампанско, јастог и 30.000 евра: Тука се породила Меган !

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако се шушкало дека Меган Маркле посакува да роди дома, британските медиуми пишуваат дека војвотката сепак родила во болницата „Портланд“ во Лондон.


Наводно, Меган во болницата пристигнала во недела доцна вечерта, а се породила во 05.26 часот, во понеделник. Во таа луксузна лондонска болница родила и Викторија Бекам, а Британците пишуваат дека таму услугата е врвна. Родилките за вечера добиваат јастог, а достапно им е дури и шампанско доколку побараат.

Болницата ја водат Американци, а освен Викторија, услугите на „Портланд“ ги користеле и Лиз Харли, Џулс Оливер… „Портланд“ на новопечените мајки им нуди услуги на хотел со 5 ѕвезди, достапни 14. часа дневно. Во болницата има 36. приватни соби, а цената на „подобрите“ апартмани е 1.800 фунти.

Наводно во болницата постоел и ВИП оддел посебно за „кралското семјество“ и „поважните“ пациенти каде ноќ чини 2.000 фунти. Да се роди во оваа болница, како што наведува The Sun, чини од 15. до 20.000 фунти, а некои жени за породување во оваа болница издвоиле и вртоглави 500. илјади фунти.

После породувањето новите мајки можат да уживаат во „славеничкиот оброк“ кој вклучува чај, школки, фое грас и шампанско – и сето тоа на луксузни сребрени послужавници. Во болницата се вработени 50. бабици и медицински сестри кои менуваат пелени, а има и детска градинка во која новопечените мајки можат „да го остават“ своето бебе преку ноќ за да го надоместат сонот.

Исто така, мајките можат да избираат помеѓу неколку брендови на луксузни креветчиња за своите бебиња, од кои некои чинат и по 14. илјади фунти. „Како да сте на одмор“, опишала бившата директорка на болницата, Џени Маден.

Кога ја напуштаат болницата мајките добиваат и пакет со луксузни играчки, уште малку шампанско и купон за бесплатно фотографирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This