Шест лица го промениле полот во личните карти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според најновите измени на Законот за матична евиденција кои Владата ги достави во парламентот, менувањето на полот во личните документи ќе стане легално, а според членот 19 секој граѓанин на Република Македонија, кој има наполнето 18 години, кој е деловно способен и кој не е во брак има право на правно признавање на родот во постапка уредена со овој закон.

Според законските измени, кон барањето се поднесува нотарска изјава во која стои дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање и промената на ознаката за пол не ја прави заради одбегнување на договорна или законска обврска, како и извршување на казна изречена од надлежен суд

Од „Коалиција Маргини“ велат дека до сега шест граѓани во државата го промениле полот во личните документи, но за тоа чекале од 2,5 до 10 години. За едни Управата го уважила барањето, за други го одбила, а во трет случај се прогласила за ненадлежна, објави „Слободен печат“.

Оттаму сметаат дека со усвојувањето на овој закон ќе се унапреди правата на овие лица кои до сега живееле изолирано.

Законот е поднесен со европско знаменце, а следи откако во Европскиот суд за човекови права во јануари 2019 година тужба поднесе македонски државјанин на кого не му бил признат родовиот идентитет. Тогаш судот во Стразбург донесе пресуда дека државата сторила повреда на личните права на жалитетот бидејки нема регулаторна рамка која обезбедува право на почитување на приватниот живот.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This