Шефот нас C3O ние очекува да соработува со Бajден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска ги поздрави напорите за зајакнување на меѓународното тело со седиште во Женева преку реформи, додавајќи дека се радува на тесна соработка со администрацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден. Гебрејесус одржа говор на годишниот министерски состанок на 194 членки на СЗО во време кога бројот на случаи на новиот коронавирус во светот се доближи до 50 милиони, со 1,2 милиони смртни случаи од Ковид-19.

– Ги поздравуваме сите напори за зајакнување на оваа организација, не поради нас, туку за доброто на луѓето на кои им служиме, рече шефот на СЗО. Тедрос ја повика меѓународната заедница повторно да го открие значењето на заедничката цел и им честиташе на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и неговата заменичка Камала Харис. – Со нетрпение очекуваме тесно да соработуваме со таа администрација, рече Тедрос. Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини СЗО дека е премногу наклонет кон Кина во врска со управувањето со пандемијата на Ковид-19, што Гебрејесус постојано го негираше. Трамп ги замрзна финансиите за организацијата и започна процес за напуштање на СЗО, што треба да се случи следниот јуни.

Бајден рече дека ќе ја укине одлуката на Трамп на неговиот прв ден на функцијата. – Треба да го редефинираме лидерството и да го изградиме на заемна доверба и одговорност за да ја победиме пандемијата и да се справиме со основните нееднаквости кои се во коренот на многу од светските проблеми, рече Бајден. Тедрос истакна дека вакцините против Ковид-19, кои се во фаза на развој, мора да бидат фер дистрибуирани како „глобално јавно добро, а не приватна стока“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This