ШИЛЕГОВ ГО „ПОЧАСТИЛ“ И СВОЈОТ ШЕФ НА КАБИНЕТ: 180.000 денари за здружението на Никола Наумовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружението „Плоштад слобода“, чиј основач е Никола Наумоски, сегашниот шеф на кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, доби 180 илјади денари од градот за младински проект. Нема кој да оцени дали има конфликт на интереси оти нема антикорупциска комисија, објавува Макфакс.

Од Град Скопје се правдаат дека одобрените пари минале низ шест стручни комисии, кои не виделе ништо спорно, но Наумоски сè уште фигурира како основач на „Плоштад слобода“, со што се прослави во борбата против проектот „Скопје 2014“.

Никола Наумоски повеќе години не е дел и нема раководна позиција во посоченото здружение, па оттука не постои никаква законска пречка или конфликт на интереси, изјавија од Град Скопје за „Макфакс“.

Никола Наумоски во Централниот регистар стои како основач на „Плоштад слобода“. Тој до 2017 година бил и директор на здружението кога се изземал од функцијата. На крајот од таа година Никола Наумоски стана шеф на кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов. Во истиот период замре и борбата на „Плоштад слобода“ против уништувањето на градот, а скопјани и јавно го повикуваа Наумоски да даде отчет за молкот.

Здружението „Плоштад слобода“ се изборило за пари во конкуренција од 411 комплетни проекти што пристигнале во Градот, од кои 180 биле одбиени.

За овој конкурс, Градот издвои 16 милиони денари, а оваа година акцент стави на поддршката на младински и на студентски проекти. Стручната комисија детаљно ги разгледала сите пристигнати проекти и предлози и ги оценила во согласност со табелите за бодирање, па така биле избрани најдобрите предлози.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This