ШИЛЕГОВ НАЈДЕ ,,РЕШЕНИЕ“ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО:Поскапо паркирањето во центарот на Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради загадувањето – поскапо паркирањето во центарот на СкопјеНа наредната седница Советот на Град Скопје ќе одлучува за измена на цената за час паркирање на јавните површини и паркиралишта со кои стопанисува „Градски паркинг” во денови кога ќе бидат прогласени вонредни мерки поради надминување на праговите на алармирање на ПМ10 честички.

„Со оваа измена, градоначалникот на град Скопје по прогласување вонредни и интервентни мерки во одредени денови поради загадувањето на воздухот, има можност да даде предлог на одредени паркиралишта цената за паркирање двојно да се зголеми само во тие денови. Во случај на енормно загадување на воздухот, ова би се применило во централното градско подрачје за да се стимулираат граѓаните кои патуваат во овој дел од градот да користат јавен превоз со цел намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и намалување на количината на издувни гасови од возилата кои го загадуваат воздухот“, велат од град Скопје.

Минатата година градот прогласи вонредни денови само два пати.

Просечната цена на паркингот во централното градско подрачје е од 25 до 100 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This