Шилегов на скопјани ќе им даде да „дишат“ лампиони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подготовката на зимската сезона не е нешто за кое треба да се пуштаат соопштенија, работа која Градот Скопје треба да ја врши редовно, затоа што е надлежност и обврска на градоначалникот. А Шилегов се фали дека е спремен за снег, во ситуација кога има најмалку четири општини во Градот Скопје во моментов во кои загаденоста е на највисоко ниво, реагираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје.

Лесно е кога градоналникот на Скопје има хациенда во Маврово, па може да избега во секое време на чист воздух, луксуз кој најголем дел од граѓаните на Скопје не можат да си го дозволат, па се принудени да се гушат во тони смет од дивите депонии и да имаат последици по животот од нечистиот воздух, за што Шилегов нема мрднато со прст.

Шилегов потроши три години на сликање и терање пропаганда, а не реализираше ниту еден од проектите кои ги вети на скопјани. Урбанистичкото насилие продолжува во невидени размери, градот е енормно загаден, има се повеќе сообраќајни гужви, а ветувањата како „Град без смог“ остана во маглата која секоја вечер ја дишат граѓаните, важно има 200 илјади евра за лампиони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This