April 30, 2024, 10:09 am

ШИЛЕГОВ ПОВТОРНО ГИ ИЗЛАЖА СКОПЈАНИ: Градоначалниче Шилегов, на Скопје му се потребни автобуси на струја, а не на гас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ја осудуваме набавката на автобуси на гас за град Скопје, затоа што свесно и со јавни средства, се игнорира фактот дека нафтените деривати се во директна врска со малигни и немалигни заболувања, а од друга страна, трошоците во вкупниот животен циклус на автобуси на гас е далеку поскап од трошоците на животниот циклус на електричните возила, се вели во реакцијата на организацијата за електрични возила во Македонија Електромобилност Македонија

„Електрификацијата на транспортот е трајно решение. Чувствуваме одговорност да го потсетиме Петре Шилегов, градоначалникот на на Скопје, дека имаме право на чист воздух! Граѓаните го заслужуваат тоа и поради тоа предлагаме ефтино диверзифицирано решение, како целина од композиции со електрични автобуси во комбо со тролејбуси и лесен електричен трамвај.

Електричните автобуси како и тролејбусите, ќе ги користат веќе постоечките булевари за комутација. Сервисирањето на комплетната палета на електрично влечните возила ќе може да се сопостави во интегриран електровлечен систем. На пример, за среднонапонската мрежа за тролејбуси и трамвај, ќе бидат задолжени инженерите од МЕПСО, јавната државна полначка инфраструктура и депоа, ќе бидат обврска на ЈСП, мали и средни компании ќе се вклучат во сервисирање на опремата итн. Ќе биде потребно инвестирање во кадрите кои ќе управуваат и ќе ги сервисираат електричните возила, со сериозно покачување на плати, со обуки и стимул.

Лесен електричен трамвај (light electric tram) се користи во шпанскиот град Билбао. Решението од Ница – Франција, е со инсталиран трамвајски систем без надземна мрежа за напојување, со индуктивно подземно напојување за време на запирањата на трамвајот. Тролејбуси се користат во многу европски градови“.

Во Електромобилност Македонија сметаат дека на среден рок од 10 години, електричните автобуси се најсоодветно и најразумно решение за Скопје.

„Јавниот електричен транспорт во отровните зимски денови предлагаме да биде бесплатен. Очекуваме во Скопје, од пролет 2019, да се возат најмалку 20 ефтини електрични автобуси, а во пролет 2020, дополнително уште 30. Во наредните 15 години или четири градоначалнички мандати, по предложената прогресија, ЈСП би управувала со автобуски возен парк од 150 до максимум 200 електрични автобуси и/или 50 до 100 тролејбуси, единечни и/или дупли, со завршена проектна документација за лесен електричен трамвај со изградба на првите 10 километри од трасите и визија со скица за метро. Полначката инфраструктура за автобусите мора да биде таква што ќе зафаќа поширока палета на стандарди и нема да биде ограничена на еден производител“, се вели во соопштението на организацијата за електрични возила во Македонија Електромобилност Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This