April 28, 2024, 12:06 pm

Шилегов попушти: Плус два метри за тераси пред објектите, добија кафанџиите на кеј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кафанџиите од Кеј 13 Ноември во центарот на Скопје нема да смеат да поставуваат тераси сред шеталиштето, а за возврат ќе добијат плус два метри во делот пред објектите. Ова било договорено минатата недела на средбата меѓу градоначалникот Петре Шилегов и газдите на кафулињата на кејот, откако беше најавена реконструкцијата на шеталиштето, објави СДК.МК.

Со реконструкцијата и проектот на Град Скопје се предвидува да се отстранат терасите од кои дел се претворени во цели објекти и го заземаат речиси цело шеталиште. На ваквиот план реагирале газдите на кафулињата жалејќи се дека во голема мера им се скратува просторот за поставување на маси и столици. Било најдено компромисно решение да добијат плус два метри во делот за летни тераси кој се наоѓа пред објектите, а останатиот дел од шеталиштето сега ќе биде слободен.

Во моментов Општина Центар ги подготвува решенијата за отстранување на терасите, по што сопствениците ветиле дека тие самите ќе ги тргнат објектите.

Извор: СДК.МК

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This