April 28, 2024, 12:14 am

ШИЛЕГОВ ЌЕ БРКА ОД РАБОТА 1.200 АДМНИСТРАТИВЦИ: Повеќе од 1.200 вработени во град Скопје се вишок, тврди Шилегов, сите ќе бидат отпуштени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петре Шилегов ќе отпушта 1.200 вработени во градската админстрација, како што вели, ќе основа комисија која ќе може да ги селектира вработените во администрацијата за бркање од работа. Градоначалникот на град Скопје и понуди на советничката на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ да ја води комисијата

По жестоката дебата во врска со поскапувањето на цените на паркингот во главниот град, во која советничката Колариќ посочи дека Шилегов си вработил 25 лица, градоначалникот на град Скопје предложи бркање на 1.200 вработени во градската администрација, а биле вишок.

Отпуштањата, предлага Шилегов, ќе се вршат преку комисија за која ја предложи советничката на ВМРО-ДПМНЕ да ја води.

„Имаме 1.200 административци повеќе од она што ни е потребно. Веднаш ќе потпишам во ’Градски паркинг‘ да останат само 130 вработени кои се стручни и тогаш веќе нема да треба да вработувам нови. ЈСП ’Скопје‘ има 700 административци, или повеќе отколку што има возачи. ’Градски паркинг‘ јас кога станав градоначалник имаше 237 вработени, а сега има 258. Од нив половината се вишок и слободно може да си одат. Вработувани се по партиски клуч и тоа ни е јасно, а мене ми требаат стручни луѓе. Како да не вработувам нови. Ве повикувам вие да бидете претседател на комисија што ќе направи списокот на над илјада вработени од јавните претпријатија кои би требало да бидат отпуштени“, рече Шилегов, пренесува СДК.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This