Омажена наставничка е обвинета за секс со ученикот, наводно му пратила разгледница со порака „Со кој друг можам да бида д*оља?“ откако ја блокирал на друштвените мрежи
Во текот на судењето 53-годишната Дебора Лав од Манчестер, откриено е дека со својот 15-годишен ученик со кој имала сексуални односи му испратила разгледница која прикажува жена која лежи на стомак во трева, а под кратката сукњичка и се гледаат гаќите.
„Ова сум јас одкако ме блокираше“, наводно напишала Дебора.
Разгледницата ја пронашла неговата мајка, истакнато е на суд, каде ја повикала полицијата.
„Очајна сум. Не знам што сум ти направила за да ме блокираш. Со кој друг можам да бидам д*оља? Никогаш не би те повредила или да те направам несреќен. Дали е тоа поради тоа што сум стара и дебела? Денес ми е роденден и сум многу тажна. Ужасно ми недостасуваш. Те сака д*оља“, наводно стоело во пораката.
Наставничката на суд негира дека имала сексуални односи со ученикот. Во изјавата е признала дека биле заедно, но дури кога наполнил 17 годнини и го напуштил училиштето, со тоа што она веќе не му била учителка.
Ученикот тврди дека двајцата имале секс по телефон, како и секс во нејзината куќа, а таа дури и му платила тетоважа, претставувајќи се како негова вујна, пишува „Metro”.
„Потоа ми беше непријатно и во глобала ја игнорирав“, раскажува детето.