ШОК:Цариник разговарал со мртва жена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цариниците на граничниот премин меѓу Србија-Бугарија, за малку ќе доживееа шок кога се обратија на старата жена која седела во автомобилот, а потоа сфатија дека разговараат со мртва жена! Синот на покојната жена само се удирал по чело затоа што планот не му успеал.

 

„Немаше ни колони ни гужва. Кон граничниот премин се приближуваше скапоцен црн џип, со бугарски регистрации. Потоа заклучивме дека веројатно поради тоа што не сакал покојната мајка при брзото возење се измести од својата положба“, велат надлежните. Според зборовите на очевидците, Бугаринот, од Австрија ја возел својата мајка, родена во 1937 година, дома, место оддалечено 40 километри од границата. „Нејзиниот син знаел дека не смее покојната жена да ја пренесе преку граница во сопственото возило, туку според закон мора да користи возило специјално за таа намена. За да ги избегне законските препреки, околу потребната документација, но најмногу за да заштеди затоа што ваквите трошоци знаат да бидат доста големи, овој човек планирал да ги измами цариниците“, велат надлежните. Но, српските цариници, прочуени по знаењето и искуството, веднаш приметија дека нешто не е во ред. „Ми беше сомнително однесувањето на возачот. Тој толку се брзаше, да ја мине границата со што го сврте вниманието кон себе. Мавташе со рацете, ја забрзуваше работата при прегледот на патниците, и цело време беше во некаков грч. Цариниците најпрво се посомневаа дека шверцува некакво роба и наркотици. Ни на крај памет не им паднало дека ја шверцува неговата мајка која била мртва“, велат надлежните во неофицијален разговор.

Кога цариниците ја отвориле задната врата. Бугаринот им објаснил дека тоа е мајка му, дека цврсто спие, и да не ја будат. Старицата седела, а синот ја врзал со појас. Откако е уапсен поради измамата, синот се обратил во бугарскиот конзулат и општина за да ги добие потребните документи, и за издадена посмртница ангажирал надлежна фирма за превоз на покојната.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This