Штипjaнка пoчинaла од Koвид 19 иако претходно имала 5 негативни тестови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Инфективното одделение во Штипската болница починала 55-годишната штипјанка Ругмин Хусеинова, иако имала пет негативни тестови.

-Мајка ми ја погребавме како почината од ковид-19. На Инфективно три дена ја третирале како болна од коронавирус, а сите пет тестови што ги направиле биле негативни. Таа имаше малаксаност и беше поспана. Матичниот доктор ни даде упат за Инфективно, каде ѝ беше измерена телесна темпаратура од 36, 1, ама кога веќе сум ја донел рекоа дека ќе ја примат како да е заразена од коронавирус и така ќе ја третираат, вели нејзиниот син кој се сомнева во дијагнозата.
Од Центарот за јавно здравје велат дека белодробната пневмонија се третира како коронавирус и причината за смртта се смета како да е од ковид-19, а од Клиничката болница велат дека пациентката била во сериозна состојба каква што ја имаат болните од коронавирус.

-Пациентката имаше кашлица, масивна пневмонија и сатурација од 40 проценти што се карактеристични симпотоми за пациенти со ковид-19. Беше поставена на кислородна поддршка, дадена е антибиотска, антикоагуларна и витаминска терапија, но и покрај адкватниот третман, пацентката заврши со летален исход, соопшти Клиничката болница во Штип.
Од болницата велат и дека до крајот на денот ќе се знае извешатајот на внатрешната комисија која требаше да ги испита условите под кои починала 41-годишната пациентка од Берово.

Ќерката на починатата жена пред неколку дена на Фејсбук објави скриншотови од нејзиниот телефон, каде се гледа дека хоспитализираната жена 2 дена упорно од болничкиот кревет им вртела на медицинските сестри, им пратила и смс-порака дека ѝ треба кислород, но според скриншотовите, никој не ѝ вратил ниту дошол, по што починала.

Според нејзината ќерка, жената претходно немала никакви заболувања, а на Инфективното одделение се лекувала од 6 ноември. Таа минатата недела на Фејсбук објави дека се случиле и нови грешки оти кога дошле да земат смртовница.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This