„ШТО Е ЦЕЛТА НА ВЛАСТА“? Мицкоски за пpoтивуставнотo свикување на Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „ 360степени“, зборуваше за иницијативата на пратеници за повторно свикување на Собранието.

„Се наоѓаме во една многу деликатна ситуација кога имаме поранешни пратеници, поранешен состав на Собранието, и тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ или Христијан Мицкоски. Тоа е став на прилично релевантни и кредибилни имиња во делот на уставното право, како што е професорот Климовски, професорката Силјановска, професорката Каракамишева, други професори од Правниот факултет, коишто велат дека поранешни пратеници не можат да поднесат иницијатива, затоа што тоа навистина би бил сериозен преседан којшто би значел директно и брутално кршење на Уставот“, вели Мицкоски.

Тој вели дека опозицијата има интерес за контрола врз уредбите кои ги носи техничката влада, но дека тоа не треба да биде преку kршење на Уставот.

„Што е целта на власта, зошто сака парламентот да се состане противуставно? И сега ние тука можеби ќе погодуваме која е целта, првата цел е официјалното образложение, тоа е сите уредби коишто беа донесени, некое двотретинско мнозинство во парламентот да ги потврди, па да бидат на сигурно бидејќи знаат дека во следниот состав во парламентот можеби нема да имаат можност да имаат мнозинство и можеби нема тие да бидат коишто ќе ја составуваат владата, па се плашат од исходот на една таква ситуација. И тоа е кредибилно и легитимно да се уплaшени, затоа што знаат дека ќе ги изгубaт следните парламентарни избори кога и да се случат, и така уплaшени сега се обидуваат така противуставно да го соберат овој состав на поранешни пратеници, власта и поддржувачи на власта. Втората теза е дека сакаат да наметнат датум за избори, да прецизираат датум за избори затоа што практично одлуката е донесена од страна на пратениците да се самораспушти парламентот, но треба ново решение да се потпише, кога ќе биде датумот, бидејќи старото решение е позади нас, не се случија изборите на 12 април, така што сега ни е потребно ново решение, па можеби некое ново парламентарно мнозинство ќе определи дата што ќе одговара само на определен политички кампус а не на сите, а принципиелно се договоривме на последниот состанок кај претседателот Пендаровски дека сите политички партии консензуално ќе треба да ја донесат новата дата за тие предвремени парламетарни, или сега веќе можеби редовни парламетарни избори. Можеби е некоја трета цел којашто мене навистина ми е нејасна. Но, полека но сигурно влегуваме во една кpизна ситуација“, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This