April 27, 2024, 11:43 pm

ШТО ЗБОРУВАЛ ГРУЕВСКИ СО КИНЕЗИТЕ: Владата на Груевски издејствувала камата од 2%, а не како првично побараните 4% од кинеска страна при изградба на автопатите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На рочиштето за предметот на СЈО, Траекторија се пуштаа нелегално снимените разговори, од кои денес излезе на површина нова работа. Имено, според разговорите дознаваме дека амбасадорот на Република Македонија во Кина, Оливер Шамбески по средбата со кинеската Ексим банка известил дека во банката му дале јасно до знаење дека ќе обезбедат кредит за патиштата исклучиво доколку биде избрана кинеска градежна компанија.

Од разговорите станува јасно, дека кинеската страна одредува кои компании може од нивна страна да ја добијат работата и дека владата чека на нивен сигнал со која компанија да склучат меморандум за соработка врз основа на кој би почнал процесот.

Јасно е дека во таква ситуација сосема нормална одлука било наместо на јавен тендер да се оди со специјален закон кој подоцна го усвои македонскиот парламент и за него освен пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, гласаа и пратениците на СДСМ.

Инаку околу каматата, првичната понуда била 4 % камата, па подоцна се спуштила на 3%, за на крајот владата да издејствува само 2% камата. Од разговорите е јасно и дека Србија плаќала 3% камата за некој проект потпишан неколку години претходно, додека македонската влада издејствувала 2% камата. Што значи дека македонската страна не само што не е во загуба, туку бележи и добивка за државата, која не ја платила првично високо проектираната камата.

Ова е случај во кој Миле Јанакиески и Владимир Пешевски се обвинети дека потпишале договор за градба на патишта до кој не се дошло по пат на процедура по закон за јавни набавки, туку со специјален закон на македонскиот парламент, идентично како претходно што СДСМ направи со браната Матка.

Додека Никола Груевски е обвинет дека користејќи го своето влијание влијаел на Миле Јанакиески и Владимир Пешевски да се потпише овој договор со цел да оствари политичка корист со брзо градење на патиштата и нивни завршување пред следните избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This