Што има во акцискиот план – бугарски универзитет во Македонија и други проект: Непознато дали идентитеските прашања се дел од „планот“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Софија има предлози поврзани со железници, автопати и инвестиции на бугарски компании во Македонија. Планот се однесува и на отворање кампуси на бугарските универзитети во Македонија, а исто така се вклучени и учебниците по историја… „Еуроактив“, повикувајќи се на дипломатски извори, јавува за вакви детали од акцискиот план за спроведување на Договорот за добрососедство, подготвен од бугарска страна.

Треба да бидат презентирани и македонските предлози по сектори, иако документот за практична примена на Договорот за добрососедството допрва треба да биде одобрен од двете земји, појаснуваат изворите на „Еуроактив“.

Останува непознато дали барањата на Софија за прашањата на македонскиот идентитет се дел од нацрт-акцискиот план што бугарската министерка за надворешни работи Захариева му го предаде вчера на специјалниот пратеник Бучковски. Бугарските медиуми откриваат дека документот содржи отворање на бугарски универзитетски кампуси во земјата и историски книги. Бучковски пак, само открива дека документот е всушност очекуваниот одговор од Софија на предложениот акциски план што Скопје го доставило пред извесно време. Бучковски рече дека став земјата ќе гради само откако ќе разгледа што доставила Бугарија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This