ШТО ПРЕТСТАВУВА БОЛЕСТА ТРИХИНЕЛОЗА ОД КОЈА СЕ ЗАБОЛЕНИ ДИВИТЕ СВИЊИ ВО МАКЕДОНИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трихинелозата е паразитско заболување кај животните и луѓето распространето во целиот свет. Многу животни можат да бидат резервоари на болеста но најчесто кај луѓето се пренесува од свињите, дивите свињи и коњите. Паразитот е присутен во мускулатурата на инвадираните животни и кај луѓето се пренесува доколку консумираат недоволно термички обработено месо. Периодот на инкубација кај луѓето (од консумирање на инвадирано месо до појавата на првите знаци на болеста) изнесува 1-2 дена по што се јавуваат треска и гастро интестинални симптоми предизвикани од паразитите кои во таа фаза се наоѓаат во цревниот систем кај луѓето.

Една недела подоцна паразитите ги напаѓаат мускулите што се манифестира со болки во мускулите и треска. Во понатамошниот тек на болеста треската поминува но болките во мускулите остануваат доколку не се примени соодветна терапија. Зависно од бројот на паразити кои ќе се внесат во телото симптомите варираат од незначителни до многу тешки.
При масовно инвадирање на дебелото црево или внатрешните органи болеста може да заврши и фатално.
За да се спречи појавата на болеста кај луѓето најважно е да не се консумира недоволно термички обработено месо, особено од диви животни.
Согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните од секоја застрелана дива свиња треба да се испрати мостра за испитување на трихинелоза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This