ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПАСТРМКАТА ВО ЈП „СТРЕЖЕВО“: Кој ги краде рибите произведени со народни пари и профитира?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве сведоци сме на големата прослава на 40 годишното постоење на ЈП Стрежево – Битола и неговите успеси. Исто така овие денови сведоци сме дека во продавницата на ЈП Стрежево – Битола, може да се купи секаква риба, само не пастрмка од сопственото производство. Која е причината за тоа?

 

Неофицијално дознаваме дека во рибникот на ЈП Стрежево – Битола, големината на пастрмката е со големина која може да послужи за аквариум. Да не се оствари народната поговорка „Во очи на Божик не се гои прасе“. Дали периодов на Божиќни пости, за време на големите христијански празници, Пречиста, Св. Никола, Св. Ѓорѓија, трпезата на  граѓаните ќе остане без добро познатата стрежевска пастрмка, црвена или бела?  Ако во овој период од годината, во претходните години продажбата на риба – пастрмка достигнувала и до 20-30 тони,а годишното производство околу 50 тони риба, на што се должи ваквата состојба?

Дали е во прашање нестручност, неспособност или неодговорност кон работата. Дали менаџерскиот тим на ЈП Стрежево Битола има намера своите идеи да ги насочи кон инвестициони вложувања кои прилегаат на вакво претпријатие  или барем да го задржи работењето од претходните години, останува да видиме и да се надеваме.

Инаку  од официјалната страна на ЈП Стрежево Битола дознаваме дека во состав на ЈП “Стрежево“- Битола веќе повеќе од 20 години функционира рибник за виножитна пастрмка.
Одгледувалиштето претставува аквакултурен објект со имплементирани стандарди за добра хигиенска и добра произведна пракса согласно законската легислатива која ја регулира оваа област со цел производство на квалитетен и безбеден производ – конзумна риба. Продажбата на риба се одвива пред се во Битола и југозапападниот дел од Македонија, во угостителските објекти и рибарниците.

На крајот, уште еднаш  останува отворено прашањето за причината за немањето на конзумна риба- пастрмка во стрежевската продавница, а секако последиците секогаш ги трпат граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This