Што се cлyчyвa во opгaнизмoт aкo пиeтe пивo ceкoj дeн, нo yмepeнo?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пивото е еден од најстарите и најпопуларните алкохолни пијалоци и е омилен кај милиони луѓе ширум светот. Но, дали сте запознати со ефектите што ги има пивото врз здравјето на луѓето?

Доколку сакате да пиете пиво, мноу е голема веројатноста за време на летните денови да го пиете секој ден. Пивото е богато со протеини и витамин Б. Хмељот е еден од главните состојки кои се користат за подготовка на пивото и кој на пивото му дава горчина, а содржи флавоноиди и исто така е добар извор на минерали, кои играат важна улога во многу метаболистички процеси.

Постојат голем број здравствени проблеми кои можете да ги решите кога пивото е дел од вашата исхрана и кога се конзумира умерено.

1. Влакната кои пивото ги има во својот состав го намалуваат нивото на холестерол и го штитат организмот од настанување на кардиоваскуларни болести.

2. Содржи лактофлавин и никотинска киселина, компоненти кои предизвикуваат сон и ја намалуваат несоницата.

3. Резултатите покажуваат дека умерено конзумирање пиво го намалува ризикот од мозочен удар за неверојатни 40 до 60 проценти.

4. Пивото е одличен напиток за спречување на запушување во крвните садови.

5. Од пивото кожата изгледа нежно и поубаво.

6. Докажано е дека две чаши пиво дневно значително го намалуваат стресот.

7. Според друга научна студија, пивото ги зајакнува коските.

8. Пивото го одржува здравјето на бубрезите. Една чаша пиво на ден ја намалува веројатноста за развој на заболување на бубрезите за дури 40%.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This