Ѓорчев: Нека ни ги дадат таблите со „Република Македонија“, ќе ги чуваме, ќе дојде време кога повторно ќе ни требаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последните седум дена мислам дека го постигнав рекордот во обиколка на Македонија, во 7 дена поминав 70 општински комитети, имав 70 состаноци. Секаде ќе победиме. Мотивиран сум, зашто џигерот ме боли кога гледам што Зоран Заев и прави на Република Македонија. Не со еден настан дневно, туку со 15 настани низ Македонија. Мотивиран сум затоа што само така ќе победиме, не само со еден туку со 15 настани дневно – посочи претендентот за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на денешната конвенција на која треба да се избере кандидат.

Апсолутно како и секогаш со цело срце ќе го поддржам секој кандидат кој оваа конвенција ќе го избере. Од понеделник тргнуваме заедно сложени. Нема место каде нема да појдеме. Втора работа, кандидат за премиер на ВМРО-ДПМНЕ е нашиот лидер Христијан Мицкоски, партијата е обединета сплотена и сложна – рече Ѓорчев пред да ги повика делегатите да гласаат за него.

Тој се осврна на промената на името на државата.

Веќе ги вадат таблите кај што пишува „Република Македонија“. Ако треба нека ни ги дадат нам, ќе ги чуваме и по подруми, и по тавани. Ќе дојде време кога повторно ќе ни требаат. Тоа е нашиот аманет – Република Македонија – рече Ѓорчев.

Ѓорчев на присутните им посочи да гласаат за човек кој знае што значо кратеницата УМС, да гласаат за кандидат кој има и Фејсбук и Твитер и Инстаграм и оти и со лајкови и со терен ќе го победат СДСМ. Го истакна своето искуство и својот допринос во ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 25 години. Тој на делегатите им порача да не го изневерат. Вели ова е најважниот ден во неговиот живот.

– Ова се најважните четири часа во мојот живот, ова е најважниот говор во мојот живот. Ве молам немојте да ме извисите. Ако ми ја дадете довербата никогаш нема да ве изневерам, ни сега ни во иднина – рече Ѓорчев.

Мојата програма ќе биде истата онаа која сме ја гласаме на конгреси, пред централни комитети, пред граѓаните. Во врска со најважниот проблем за претседателските избори, ризикот од полнење на кутии. Лично сум бил десет пати набљудувач на кутии на разни избирачки места, повторно ќе го направиме тоа, ќе го покриеме теренот. Оние кои мислат да полнат кутии ќе им биде порачано од многу сериозни места да не помислат на тоа. Затоа што ризикуваат црни листи. Нека го знаат тоа. И ние не сме без адути – рече актуелниот пратеник и конкурент на огласот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како претседател на Република Македонија, рече тој, се обврзувам да отидам на најважните места каде се креира светската политика и да се борам за Македонија со целото свое свце, а не како Зоран Заев и Никола Димитров каде се е на продажба.

– Во првите три месеци ќе остварам средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе појдам во Европската Комисија, во Брисел, во Берлин, секаде ќе ја кажам вистината за Македонија. Јас сум кандидат и на врмовското срце. На сите пет изборни единици кога сум бил носител на листа сме ги имале најубедливите победи. Дајте ми можност, ќе го победиме СДСМ, гласајте за победник што знае што се избори. Не може од опозиција да се победи на 27 години Никола Поповски и Тито Петковски на 29 години ако не се има стратегија како да се допре до неопределените, знам како треба. Гласајте за човек кој го знаете, што вас лично ве познава – повика Ѓорчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This