Ѓорѓиевски: Буџетот за 2021 година на општина Кисела Вода не е развоен туку стечаен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советникот Орце Ѓорѓиовски во општина Кисела Вода на Фејсбук објави статус со кој алармира за неприфаќањето на амандманите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Советот на општината со кое ќе се спречат партиските вработувања, презадолжување и состојба налик на стечај на општината: а ќе се даде можност за развој и просперитет на општината Кисела Вода.

Неговиот статус го пренесуваме во целост:

Почитувани мои сограѓани, жители на една од најстарите и најубава општина во градот, Општина Кисела Вода…

Изминатава година од владеењето на СДСМ на локално ниво е повеќе од катастрофална, има целосно потфрлување на сите полиња, лажни ветувања, дупки на улиците, многу од нашите сограѓани сеуште живеат без атмосферска и фекална канализација, без вода за пиење и на крајот од денот се гушат од загадениот воздух. Единствено раздвижување има во делот на вработување на партиски војници во општинската администрација.

На денешната седница за “Буџет за 2021 година” на жалост за сите вас, на сите нас – граѓаните на Општина Кисела Вода е донесен буџет кој практично значи започнување на стечајна постапка за ликвидација на општината.
Буџетот за 2021 е далеку од развоен, односно како што напоменав е стечаен.
Во буџетот за 2021 се крати буквално од се што значи подобрување на условите за живеење на нашите сограѓани, а на сметка на кратењето од капиталните инвестии се предвидуваат дополнителни средства за нови партиски вработувања во општината, патни трошоци, репрезентации и слични ставки со кои освен комодитет на Темелковски и задоволување на партиските апетити нема да донесе ништо значајно за подобрување на условите за живот на нашите сограѓани.

Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија во дослух со граѓаните, поднесовме 18 амандмани за подобрување на условите за живот во Општина Кисела Вода, но за жал сите беа одбиени од страна на советничката група на СДСМ.

Советничката група на денешната седница предложи зголемување на капиталните инвестиции од 17.641.000 денари на 107,226,925.00 “ или 1,7 милиони евра за нови капитални инвестиции.
Средствата за капитални инвестиции се обезбедуваат СО КРАТЕЊЕ од ставките за ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА 31,586,000.00 денари, ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ ЗА НОВИ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА 10,000,000.00 денари, ДРУГИ ТЕКОВНИ РАСХОДИ ЗА СЕМИНАРИ, СОВЕТУВАЊА во ИЗНОС 5,000,000.00 денари, СУБВЕНЦИИ И ТРАНСФЕРИ ДО НЕВЛАДИНИ ПАРТИСКИ ОРГАНИЗАЦИ и износ од 4,300,000.00, ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО 6,000.000 денари, КУПУВАЊА НА ВОЗИЛА износ од 1,586,000.00, ДРУГИ ДОГОВОРНИ УСЛУГИ износ од 1,500,000.00 или ВКУПНО КРАТЕЊЕ НА НЕПРОДУКТИВНИ РАСХОДИ во износ од 89,585,925.00 денари или 1.5 милиони евра.

За жал мои сограѓани, нашата општина ја водат луѓе без план и визија. Луѓе кои три години немаат ниту најавено а камо ли донесено барем една инвестиција. Луѓе кои освен да уживаат во комодитетот на власта друго незнаат , а и неумеат. Следува погубна година за нашата општина. – пишува Орце Ѓорѓиевски.

Почитувани мои сограѓани , жители на една од најстарите и најубава општина во градот, Општина Кисела Вода… Изминатава година од владеењето на СДСМ на локално ниво е повеќе од катастрофална, има целосно потфрлување на сите полиња, лажни ветувања, дупки на улиците, многу од нашите сограѓани сеуште живеат без атмосферска и фекална канализација, без вода за пиење и на крајот од денот се гушат од загадениот воздух. Единствено раздвижување има во делот на вработување на партиски војници во општинската администрација.На денешната седница за “Буџет за 2021 година” на жалост за сите вас, на сите нас – граѓаните на Општина Кисела Вода е донесен буџет кој практично значи започнување на стечајна постапка за ликвидација на општината. Буџетот за 2021 е далеку од развоен, односно како што напоменав е стечаен. Во буџетот за 2021 се крати буквално од се што значи подобрување на условите за живеење на нашите сограѓани, а на сметка на кратењето од капиталните инвестии се предвидуваат дополнителни средства за нови партиски вработувања во општината, патни трошоци, репрезентации и слични ставки со кои освен комодитет на Темелковски и задоволување на партиските апетити нема да донесе ништо значајно за подобрување на условите за живот на нашите сограѓани.Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија во дослух со граѓаните, поднесовме 18 амандмани за подобрување на условите за живот во Општина Кисела Вода, но за жал сите беа одбиени од страна на советничката група на СДСМ. Советничката група на денешната седница предложи зголемување на капиталните инвестиции од 17.641.000 денари на 107,226,925.00 “ или 1,7 милиони евра за нови капитални инвестиции.Средствата за капитални инвестиции се обезбедуваат СО КРАТЕЊЕ од ставките за ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА 31,586,000.00 денари, ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ ЗА НОВИ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА 10,000,000.00 денари, ДРУГИ ТЕКОВНИ РАСХОДИ ЗА СЕМИНАРИ, СОВЕТУВАЊА во ИЗНОС 5,000,000.00 денари, СУБВЕНЦИИ И ТРАНСФЕРИ ДО НЕВЛАДИНИ ПАРТИСКИ ОРГАНИЗАЦИ и износ од 4,300,000.00, ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО 6,000.000 денари, КУПУВАЊА НА ВОЗИЛА износ од 1,586,000.00, ДРУГИ ДОГОВОРНИ УСЛУГИ износ од 1,500,000.00 или ВКУПНО КРАТЕЊЕ НА НЕПРОДУКТИВНИ РАСХОДИ во износ од 89,585,925.00 денари или 1.5 милиони евра.За жал мои сограѓани, нашата општина ја водат луѓе без план и визија. Луѓе кои три години немаат ниту најавено а камо ли донесено барем една инвестиција. Луѓе кои освен да уживаат во комодитетот на власта друго незнаат , а и неумеат. Следува погубна година за нашата општина.

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Wednesday, December 30, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This