Ѓорѓиевски: Продолжувавме со чистење на дивите дeпонии, мораме да создаваме зелена, чиста и модерна Кисела Вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес се заврши со чистењето на големата депонија по насипот од реката Мала Рада, а во текот на денешниот ден се исчисти и депонијата покрај Хемтекс. Огромни количини на отпад беа отстранети и од оваа локација, во непосредна близина на патот кој води од Пинтија кон Горно Лисиче.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски истакна дека континуирано се работи на лоцирање и расчистување на дивите депонии низ општината, а на нивоместо ќе се создадат зелени површини и паркови за одмор и рекреација на жителите.

„Ние од саботата во континуитет работиме на неколку од мапираните црни точки кои несовесните граѓани ги узурпирале со фрлање на градежен шут, покуќнина и друг цврст отпад. На расчистените диви депонии ќе создаваме зелени површини, паркови кои ќе се користат за прошетки, за одмор и рекреација и затоа сакам да апелирам до сите кои досега се однесувале несовесно и исфрлале отпад на овие диви депонии да се откажат од ваквите намери. Ние мораме да создаваме зелена, чиста и модерна Кисела Вода и да ја одржуваме таква“, изјави Ѓорѓиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This