ЈАВНА ДЕБАТА БЕЗ ПОЕНТА: Која е поентата на дебатата со Шилегов ако не постои опција за менување на трасата на гасоводот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај закажаната дебата за денес во 13:00 часот, не постои исход со кој би се променила трасата предвидена за изведба на гасоводот.Засега не се размислува за алтернативна траса за гасоводот на Водно.

По запирањето на градежните работи на гасоводната делница, од Град Скопје велат дека процесот на преговори со екоактивистите ќе продолжи, но градот не е институцијата која го дефинира патот по кој ќе поминува гасоводот. Според градоначалникот Шилегов, градежната дозвола за овој проект е издадена во 2016 година, а управата на главниот град е должна да го спороведе.

За утрешната трибина во Град Скопје, што ќе биде пренесувана во живо и каде аргументите треба да ги соочат владините претставници и екоактивистите, Шилегов вели дека дебатата е одговор на барањето на невладините организации за јавна дебата.

Присуството на трибината во просториите на Град Скопје, нема да биде замена за дебатата која ја бараме и која инсистираме да биде одржана на една од националните телевизии, велат екоактивистите од “Го сакам Водно“. Бараат градоначалникот да земе активно учество во дебатата.

Со оглед дека Град Скопје издал Решение за сеча за изградба на гасоводот, ние не можеме да го прифатиме градоначалникот Шилегов за модератор на дебатата, бидејќи со таков акт веќе одбрал страна, па во своите делувања веќе не е непристрасен и неутрален, потенцираат од граѓанската иницијатива Го Сакам Водно.

Еко активистите од “Го сакам Водно“ се децидни дека остануваме на трасата, во одбрана на Водно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This