Јакимовски: Во моментите кога оваа коалиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ ќе освои над 61 пратеник тогаш има легитимно право да не зема ниту една албанска партија во Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овие избори покажаа дека и претходните избори во 2014 година немало манипулации во изборите. Коалицијата „За подобра Македонија“ ги освои речиси истите гласови и на овие избори, вели лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во интервју за Радио Слободна Македонија.

jakimovski

Целото ова мачење на граѓаните на Македонија, додава тој и целиот циркус кој што се направи наводниот неточен избирачки список се виде дека немало влијание врз бројот на гласовите кои ги доби владејачката коалиција.

-Тоа значи дека овие избори се чисти како кристал и дека по сето ова што го завршивме, коалицијата и со еден глас повеќе, а не само со еден пратеник повеќе треба д асе пружи рака. Циркусот што е направен е неоправдано направен и сега треба да продолжиме нормално да функционираме. Воспоставен е принцип во Македонија по барање на најголемата албанска партија како и со посредство на меѓународниот фактор, да партијата која што ќе освои најмногу пратеници во македонскиот блок да коалицира со партијата која што ќе освои најмногу пратеници во албанскиот блок. Претходно имавме случај да традиционален партнер бар во два изборни циклуси да биде ДПА на ВМРО-ДПМНЕ а не ДУИ кој што земаше најголем број на гласови. Ова е обид за нарушување на тој принцип, вели Јакимовски.

Тоа додава Јакимовски, ќе не внесе во нова опасност и во нова нестабилност,.

-Во моментите кога оваа коалиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ ќе освои над 61 пратеник тогаш има легитимно право да не зема ниту една албанска партија во Влада или пак да бира со која албанска партија ќе прави коалиција , што пак нас како држава ќе не внесува во нестабилност, заклучува Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This