Јакимовски: Меѓународната заедница крена раце од нас, не остави Бугарија да ни прави што сака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, каде ги коментираше скандалите кои секојдневно ја тресат власта.

„Не прават намерно, работите им се излезени од контрола, овде се работи за буре кое што е избушено од сите страни, кај и да ставиш прст протекува, не може да се запре. Не помага веќе ништо, меѓународната поддршка е скроз изгубена. Заев година дена од Табановце не е отиден подалеку“, изјави Јакимовски додавајќи дека и ова со вакцините што не ни ги даваат не е случајно, ова 118 место по корупција не е случајно, недавањето на пари од Европа исто не е случајно.

„Значи меѓународната заедница крена раце од ваква власт“, нагласи Јакимовски.

Јакимовкс праша каде е Папата сега, каде е Меркел, каде е Макрон, каде е поранешната британска премиерка Тереза Меј и сите други што продефилираа низ Македонија.

„Гледате дека никој не не ферма. И тогаш кажувавме, тие ќе си завршат работа, ние и да сакаме и да нејќеме ќе станеме членки на НАТО, а само ќе си ја направиме бејлата со промената на името. Кренаа раце од нас, повторно не ставаат на спореден колосек. Нека не вари, нека не пече, што сака ќе прави Бугарија со нас. Ете тоа е тоа“, рече Јакимовски.

Тој додаде дека власта нема контрола над ништо, па дури ни над внатрешната политика.

„Од раководење со влада они знаат само затвори, притвори, обвинителство, судство. Не знаат некој друг дел. Сте слушнале ли вие за некој културен настан?, прашува Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This