April 27, 2024, 11:57 pm

Јакимовски: Паркинг во Карпош нема да се плаќа, пpoблемот ќе го решаваме со подземни и катни гарaжи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ГРОМ и кандидат за градоначалник за општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, зборуваше за предвидените проекти кои ќе бидат остварени за време на неговиот мандат како градоначалник на општината. Јакимовски истакна дека еден од приоритетите ќе му биде решавањето на проблемот со паркирање, без притоа да се воведе платен паркин во Карпош.

„Јас мислам дека треба да го зголемуваме бројот на паркинзите, сме зголемиле максимум, сега треба да идеме под земја, над земја, катни гаражи или платформи. Ако воведеме платен паркинг во Карпош, ќе замрат бизнисите, ќе им падне работата на луѓето. Значи, нема плаќање на паркинг, мораме да зголемиме. Тоа се приоритетите. Мораме паркирањето да го решаваме, тоа е еден од приоритетите на општината.“

Во однос на подземните гаражи, Јакимивски истакна дека не се скапа инвестиција, напротив, тоа е едноставен и евтин начи да се зголемат паркинг површините во Карпош.

„Значи едно ниво, што е тоа скапо, ви треба песок, бетон и ви треба челик, и ви треба работна рака. Која е таа толку голема филозофија. Тоа како куќа карабина да правите, нема да чини повеќе од 200 евра по квадрат“, објасни Јакимовски.

Јакимовски додаде дека голем дел од метежот со паркингот го прават граѓани од други општини кои работата во Карпош или живеаат во близина, па таму им е наједноставно да ги паркираат возилата, поради ќе се бара начин да им се даде приоритет на жителите на Карпош, пред другите граѓани.

„СЈО додека функционираше, замислете колку возила они паркираа тука. ПУИК, Јавното претпријатие за станбен и деловен простор, тие исто така паркираат тука. Други граѓани кои имаат второ, трето возило, исто така го паркираат тука. И тие создаваат сериозни проблеми на граѓаните од општина Карпош. И затоа имаме таму таргетирани две или три места каде што планирамеедно ниво подземно и две над земја да може да се паркира, и само граѓаните ќе имаат далечински ушравувач, да може нивните возила да ги паркираат таму, а да не можат од другите општини. Сега така ќе се обидеме, ако тоа не дава резултат, тогаш ќе размислуваме за други решенија“, вели Јакимовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This