Јакимовски: Путерот за нив е голема работа бидејќи ништо не работат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стевче Јакимовски, лидерот на Гром во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за запленитот путер за кој се пофали вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

Според Јакимовски ова не е работа за фалање туку тоа е вообичаена работа на пазарниот инспекторат. За 1500 евра глоба изречена, они прават таков циркус.

Тоа е нормална работа на пазарниот инспекторат, се што ќе најде пазарниот инспекторат со изминат рок се запленува и треба да се уништи. Не знам зошто треба толкава церменонија како да откриле марихуана, оружје, фалсификат на пари или не знам што. Очигледно дека се работи за луѓе кои не работат ништо, немаат ништо сработено и на ваква работа тие ова го препишуваат како некој успех. Апсолутно ова не е успех, ова е редовна работа на пазарниот инспекторат да открива каде има стока со изминат рок. А колку е оваа работа битна покажува самата казна, глоба од 1 500 еврa, ако ја плати во рок од 8 дена , тоа значи казна од 750 евра, кажа Јакимовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This