Јакимовски: Пpoблемот со градинките ќе биде приоритет, не може да има место за деца од други општини, а да нема за децата од Карпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник од ГРОМ на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во вечерашното гостување во „Заспиј ако можеш“, се осврна кон најголемите проблеми во општината и истакна дека меѓу приоритете во неговиот мандат ќе биде решавање на проблемите со огромните листи на чекање во детските градинки и училишта.

„Луѓето кои живеат на пример во Ѓорчем а работат во Карпош, од практични ги носат децата во градинките во Карпош. Ама ние нашите деца немаме кај да ги упишеме. И тие луѓе се во право, и тие од практични причини ги носат таму. Но мене тие луѓе ме плаќаат. Со средства од овие даночни обврзници ги реновирам тие градинки. Не може да има место за деца од други општини, а да нема место за овие деца од нашите општини. Исто е исто училиштата. Не може вие во Влае да имате а,б,в,г,д,ѓ,.. На пример од Хром, Волково, Ново Село, Сарај и така антаму доаѓаат по 65-66 деца секоја година се упишуваат во Димо Хаџи Димов. Помножете ги и деветолетка, тоа се 540 деца. И наместо училиштето да има 700 деца, коишто се од Влае, вие имате 1200 деца. Мојот син учеше во одделение од 38 деца. Па тоа е хаос, немате настава..Наместо нашите деца да се во класови од 25-28 ние сите треба да бидеме 34. Пет милиони евра сме издвоиле за реконструкција на тие училишта. Два милиони евра сме издвоиле за покривање на трошоци, струја, вода, парно греење. Значи седум милиони евра сме издвоиле граѓаните на Карпош. И сега неговото дете да учи со 34 деца наместо со 27-28, изјави Јакимовски.

Јакимовски посочи дека Карпош е така конципиран што секоја урбана заедница си има училиште, и родителите можат да ги носат и пешки, но поради преголемиот број на деца од други општини кои родителите ги носат со возила, се прави доплнителен метеж кој го влошува квалитетот на животот на локалното население.

Тој додаде дека ќе битат изградени уште четири градинки во општина Карпош, а ќе бидат додадени и дополнителни занимални таму каде што е возможно.

„Мораме четири градинки да направиме, и во сите други уште по некоја занимална“, нагласи Јакимовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This