ЈАНАКИЕСКИ:СЈО во соработка со СДСМ е во предизборна хајка против ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната прес конференција на СЈО е без никакви аргументи, без никакви ама баш никакви основи, ниту презентирани аргументи. Нивната цел во соработка со СДСМ,  е да влијаат на изборите но граѓаните на Република Македонија тоа ќе го препознаат и ќе дадат силна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, рече Миле Јанакиески во изјава за медиуми.

mile

СДСМ и СЈО и во иднина очекуваме да продолжат со оваа хајка на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на темата на денешната прес конференција на СЈО сакам да истакнам неколку аргументи кои беа презентирани од СЈО, а воопшто не се вистинити. Имено комисијата која се формира во министерството за транспорт и врски за спроведување на постапка за отуѓување на градежно земјиште го има истото направено согласно закон, подвлече Јанакиески.

-Договорот воопшто го нема раскинато министерството за транспорт и врски согласно грешките на комисијата туку тоа се има случено врз база на одлука на уставен суд а уставниот суд  утврдил дека има грешка во постапка од страна на општината Сопиште односно советот, а сакам да потсетам дека градоначалник во општина Сопиште во тоа време бил кадар на СДСМ. Значи договорот е поништен или раскинат врз база на одлуката на уставен суд. Потоа Министерството за транспорт и врски воопшто нема склучено спогодба како тоа што беше презентирано на самата прес конференција. Имено склучена е судска спогодба од страна на државното правобранителство која судска спогодба содржи решение дека средствата треба да се исплатат. Значи Министерството за транспорт и врски ниту има склучено спогодба ниту пак средствата самоиницијативно ги има префрлено, туку исклучиво е почитувана судската одлука. Така да ова беше еден политички прес се со цел да се влијае на изборите кои што претстојат на 11 декември, рече Јанакиески.

Додаде дека очекуваат и во иднина СЈО ќе продолжи со вакви активности во соработка со СДСМ, но граѓаните тоа го препознаваат и ние за тоа очекуваме голема поддршка од граѓаните на Република Македонија на 11 декември.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This