ЈАНКУЛОВСКА: Се работи за крајно неправична постапка, Cyдот се стави во функција на СЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во својата жалба до Апелација, истакна дека првостепената преcyда е нејасна и противречна и не се истакнати одлучувачките факти и докази. Таа смета дека станува збор за крајно неправична постапка и Cyдот ја изгубил таа улога на арбитер и се ставил во функција на СЈО. Поради тоа, Јанкулоска бара Апелација да ја разгледа внимателно нејзината жалба и да го врати предметот на разгледување и повторно одлучување.

–Обвинението произлезе од кривично-правен настан кој се стави во функција на политичка кампања за промена на функционери меѓу кои и јас, како и за смена на Владата, вели Јанкулоска.

Според неа, целосно била игнорирана Европската судска пракса во „Тенк“.

-Во жалбата пренесов неколку примери, случаи, неколку Европски судски преcyди, но во интерес на времето нема да ги читам сега, а Вие ги имате пред Вас и имате можност да ги разгледате, рече таа.

На крајот од презентација на жалбата, Јанкулоска потенцираше дека во целост останува на се што е напишано во жалбата и зад сите суштествени законски повреди кои се направени во оваа cyдска постапка.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This