Јанушев: Ако Реџепи не бил киднапиран, тој требаше да дојде во Собранието и да образложи зошто нема да гласа, а не мистериозно да исчезне

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само вистина” на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, резултатите од локалните избори, шверцерското спречување за гласање доверба на Владата, како и во однос на очекувањата за наредниот период и формирање ново парламентарно мнозинство.

Јанушев потенцираше дека минатиот четврток се случил преседан и срамен чин, а непојавувањето на Реџепи во Собранието само покажува до кое ниво е пуштен режимот насекаде во државата, па и до пратениците во Собранието. Тој додава дека доколку Кастриот Реџепи не бил киднапиран, требал да дојде во Собранието и да образложи зошто нема да гласа за доверба на Владата, а не мистериозно да исчезне.

Јанушев вели дека играта која што Заев и Реџепи ја изиграле е апсолутно губитничка и поразителна, а ваквиот начин на спречување на спроведување на волјата на народот е само мотив плус за граѓаните да ги казнат и на наредните парламентарни избори. Мнозинството од граѓаните кажаа што сакаат и кому веруваат, односно ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 100.000 гласови разлика. Ова е бројка која само укажува на тоа на колку голема врата се врати ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори.

– Заев можеби смета дека со киднапирање советници ќе се одржи на власт и дека нема да одговара за сите лоши политики, но реалноста не е воопшто таква. Еднаш изиграа задкулисно и дрско, но втор пат тоа нема да се дозволи. Народот гледа на што се е спремен Зоран Заев и токму поради тоа тој ќе биде казнет. Опозицискиот блок окрупнува и тоа ќе се види за многу скоро време, истакна Јанушев.

Дегутантните изјави на Реџепи се показател за очајот и стравот кои владеат во редовите на политичките партии од власта, но тие ќе мораат да се соочат со гневот на народот. Од народот бегање нема, заврши Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This