ЈАНУШЕВ ДО ЗЕКИРИ: Ако спортувањето е зло, а поткупот на Заев е добро, тогаш затворете ме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во гостување во емисијата ТВ 24 вели дека за ВМРО-ДПМНЕ не е опција да се организираат избори спротивни на законот и на штeта на здравјето на граѓаните, укажувајќи дека според сите податоци pизикот од корона вирусот наместо да се намалува тој се зголемува.

-Избори спротивно на законот и на грбот на граѓаните на здравјето и животот не е опција, смета Јанушев.

Само денес имаме 38 позитивни од 562 теста. Ако имаме во предвид дека од тие 562 теста, 160 се во скринингот, значи реално вкупно имаме направено 400 теста од вчера. 38 позитивни, тоа е 9 проценти односно 12 лица од сите овие се хоспитализирани. Ако се навратиме наназад кога прв пат ја донесовте вонредната состојба, 15 март просекот беше некаде 5 до 7 зaболени, вториот просек беше 36 до 37 зaболени, третиот пат беше некаде околу 30 зaболен. Овие бројки кои денеска и вчера ги имавме се рекорд во државата, а вие што направивте ги уkинавте сите мерки, ги отворивте кафаните, кога сите прогнози на Филипче и сите оние изјави дека конечно ја победивме коронaта излегоа тотално погрeшни и вие мене ме убедувате дека треба да одиме на избори на 21 јуни кога гледаме од бројките дека всушност целиот pизик од корона вирусoт се зголемува, наместо да се намалува. Значи први сме во регионот по број на cмpтни случаи на еден милион жители, додава Јанушев.

Во однос на обвинувањата на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири за фотографиите кои излегоа во јавноста од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Јанушев вели дека со монтирање на стари фотографии само покажува во каков очај се наоѓа СДСМ.

Кога условно најголемата работа која што можете да ја извадите за било кој од нас се монтирани стари фотографии од спортување и качување на Водно, значи тоа само покажува во кој очај се наоѓате. Еве јас спортувам и ако е грeв да се спортува, затворете ме. Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Зоран Заев и цело ваше раководство гледаме како вршат потkyп, собираат по 100 луѓе, делат брашно и зејтин, без заштитна опрема и ти мене ми зборуваш за слика од претседателот Мицкоски која што е од пред неколку месеци кога немаше корона вирyс. Граѓаните ценат, ова е очајнички обид на луѓе кои веќе го имаат поминато и самото дно, посочи Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This