Не треба да се обидуваме да наоѓаме логика во мерките кои ги носи владата, бидејќи едноставно ја нема, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој вечерва гостува во емисијата „Заспиј ако можеш“.
Секој ден имаме или константа или зголемување на бројките, денес имаме и тројца пoчинaти. Мерките задоцнети, недоволни, голем дел од заштитната опрема граѓаните сами ги изработуваа и донираа, како дечките кои го правеа тоа со 3Д принтерите. За жал, Филипче, заедно со владата на СДСМ на Заев и Спасовски, нè убедуваа дека се прави сè то се може. Еве веќе месец и повеќе никој не ги спомнува респираторите. Што се случи со респираторите? Се набавуваа, тука беа, на пат, за ден-два ќе стигнат…За жaл еве kpизава „заврши“, респиратори не добивме, рече Јанушев.
Тој уште еднаш повтори дека ова е убедливо најнеспособната влада со најнеспособните луѓе во историјата на Македонија.
Ваква неспособност и незнаење немам видено никаде, рече Јанушев.