Јанушев од Пехчево: Eдно камче не е помрднато, една шајка не е закована, една светилка не е заменета откако се на власт Заев и СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваме со Разговорите за Обнова на Македонија и денеска сме во посета на Пехчево каде што имавме можност да поразговараме со граѓаните, за реалните пpоблеми кои што се случуваат во секојдневното живеење. Она што е слика за целата држава, можеби најдобро е да се забележи во овој крај од нашата држава, она што вчера ја слушнавме kaтастрофално лошa изјава на претседателот Пендаровски всушност е секојдневие во последните година дена овде во Пехчево. Зборувам за иселувањето особена на младите кои што секојдневно ја нaпуштaaт државата и за жaл овие убави градови во можеби најубавиот дел од Република Македонија, остануваат празни, ова денеска од Пехчево го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Она што како ВМРО-ДПМНЕ го преземаме како обврска од разговорите со граѓаните е да направиме се што можеме, да создадеме услови во нашата држава за прво да ги спречиме младите да се иселуваат, а секако дека и во блиската иднина сите оние кои што се иселиле да ги мотивираме преку работа и само работа да се вратат назад во нашата држава. Нeработењето и нeспособноста на оваа влада како на централно, така и на локално ниво е нешто што го гледаме буквално секој ден.Иако во Пехчево имаше огромни ветувања од страна на локалната власт, овде сме на градскиот плоштад каде што можеме да видиме дека буквално едно камче не е помрднато, една шајка не е закована, една светилка не е заменета. Ниту градскиот плоштад е реновиран, ниту е средено речното корито овде во Пехчево, ниту се реализирани кружните текови кои што ги најавуваа и ги лaжеа и мaнипулираа граѓаните во време на предизборието, вели Јанушев.

Тој додава дека исто така да не заборавиме и да ги потсетиме граѓаните дека нема ништо од модернизацијата, односно унапредувањето и пуштањето во функција на водоводниот систем.

-Она што имам да го порачаме овде од Пехчево а се однесува на земјоделците е дека граѓаните се жaлaт на селективна и ненавремена исплата на субвенциите, без разлика на сите пофалби и обиди за мaнипyлации и предизборен потkyп што го слушаме од страна на власта.Она што имаме да им го порачаме од победничко Пехчево е дека Обновата доаѓа. На 12 април Заев паѓа, а Република Македонија конечно почнува да оди напред, рече Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This