ЈА БЛОКИРАА МЕРНАТА СТАНИЦА ДА НЕ ПРАЌА ИФОРМАЦИИ: Што се случи утрово во Ѓорче? Рекордна загаденост на светско ниво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апликацијата ,,Мој воздух“, преку која се информираме за загаденоста на воздухот во Скопје и во Македонија, изутринава покажа неверојатни 1999 ПМ10 честички во воздухот во населбата Ѓорче Петров! На приложениот дијаграм може да се забележат енормни амплитуди со посебно високи вредноси во периодот меѓу 6 и 7 и помеѓу 9 и 10 часот.
Во моментов, според интернет страната Мој воздух, мерната станица во Ѓорче не праќа информации.

До овој момент нема официјално соопштение што се случува на теренот и дали станува збор за дефект на мерната станица или сепак резултатите и вредностите се реални.


Напоменуваме дека според меѓународните стандарди вредноста на толеранција за честичките пм-10 изнесува 50 µg/m3 за 24 часа.

AQI – Air Quality Index, е нова мерка воведена во МојВоздух која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на една станица, прикажувајќи ја загаденоста на Европската скала за Common AQI од 0 до 100. Мерка под 25 означува многу ниска загаденост, под 50 – ниска, под 75 – средна, под 100 – висока, и над 100 – екстремно висока.

Од шест инструменти за мерење на ПМ10 честичките во воздухот во Скопје, во моментов надвор од функција се два, на мерното место во Гази Баба и во Лисиче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This