ЈА ЗАКОПАА МАКЕДОНИЈА: Заев и СДСМ го штитат крминалот, корупцијата, а рекетирањето и скандалите им се нормална работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев во Македонија донесе режим и корупција, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според листата на „Транспаренси Интернешнл“, Република Македонија се најде на 106-тото место. Македонија е во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска. Зоран Заев и Оливер Спасовски го штитат криминалот. Власта предводена од Зоран Заев ја закопа Македонија со фрапантен пад од 13 места според Индексот на корупција, со што само се потврдува фактот дека проблемот со криминалот, корупцијата и рекетирањето ескалира. Институциите замижуваат и не преземаат ништо, бидејќи се под огромен притисок на рекетарската власт. За тоа е доказ и скандалот кој што го обелодени заменик министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски. Според доказите раководителот на подрачната единица во Свети Николе, Дејан Гичев на име на својата сопруга си има доделено земјоделско земјиште. Исто така и на сопругата на градоначалникот на општина Лозово има доделено земјоделско земјиште во атарот на Свети Николе. Во овие два договори и по двете укажувања до министерството за неплатена закупнина на истите им е дадена само фактура за да платат камата по основ на неплатена закупнина додека на сите останати земјоделци во Македонија кои што имаа еден ден задоцнување министерот Трајан Димковски се фалеше по медиумите дека им го има раскинато договорот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека ова е еден од низата примери како кадрите на СДСМ се привилегирани во делот на законите кои што треба да бидат важечки за сите.

-Република Македонија мора да застане на нозе и мора да се справи со корупцијата. Тоа ќе се случи по 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. Тогаш сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат пред лицето на правдата, ќе се стави еднаш за секогаш крај на криминалиите на СДСМ. Зоран Заев и СДСМ никогаш веќе!, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This