Ја нakитив жена ми со 3лато и алтaн за ќеркичката- Радост во семејството Агушеви, Џамбо по трет пат татко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Музичарот Џамбо Агушев стана татко по трет пат, се роди ќерката Мелина. Џамбо среќната вест ја сподели вчера на својот Фејсбук профил.

„Фала му на Бога, мојата ќерка Мелина се роди. Добредојде во нашето семејство, моја убава ќерко!“ – напиша Џамбо.

Џамбо десет години е во брак со сопругата Асена и веќе ги имаат ќерката Севги и синот Мерт. Тој за mms.mk кажа Мелина не е непланирана, туку е планско дете на љубов.

-Си сакавме со сопругата трето дете, Агушеви е голема фамилија, сега се две сестрички и едно братче. Мелина е арапско име што во превод значи милост. Ова е љубовно дете, направено од љубов и со план. Со сопругата си сакавме повеќе деца одсекогаш. Мелина се роди во Германија, бидејќи живееме паралелно и тука и таму. Сопругата работи во Германија и заради работатата мора така. Живееме и во Аугсбург, во близина на Минхен. Веке е така година и пол. Јас бев во Германија за да бидам покрај неа и синојка се вратив во Струмица, бидејќи имам обврски и повторно ќе одам. Син ми Мерт и ќерка ми Севги останаа со баба и дедо во Струмица. Преморен сум, патував со авион преку Софија, па од таму со автомобил до Струмица. Кога дојдов дома полна куќа гости. Целото семејство ме чекаше дома, седат се веселат, музика оро, радости. Ако, нека е за убаво, рече Џамбо за mms.mk.

Тој не може да ја искаже среќата од приновата во семејството. Вели дека Мелина личи на сите по малку, на него, на Севги, но и на мама Асена.

-Преубава е, многу е лична. Иако поради пандемијата ме оставија само 20 минути да се видам со жена ми и со неа. Многу набрзина, но таков е протоколот во германските болници. На мојата среќа и нема крај. Ги накитив со злато и Мелина и Асена. Така е традицијата кај нас. На Мелина и подарив алтан, додека на сопругата комплет златна нараквица и гердан. Вистина кај нас е обичај да се даде злато кога ќе се роди бебе. Така беше и кога се роди поголемата ќерка, а, пак, кога се роди син ми не сакам да зборувам, тоа може само татко ми раскаже. Кога Мерт се роди од спиење го разбудив татко ми да му кажам. Му реков- нека ти е честит внукот. Мерт се роди во Струмица и кога дојдоа во болница жена ми ја накитија со злато, по три подароци доби. Злато и од мене и од татко ми и од мајка ми. Така е кај нас, се купува злато аа да чекори низ животот како по злато, вели Џамбо .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This