ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ: Наскоро ќе биде потпишан протоколот за пристапување кон НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека наскоро ќе биде потпишан протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата.

„Ќе го потпишеме протоколот за пристапување во НАТО за кратко време. Ратификацијата на протоколот ќе трае подолго време, бидејќи зависи од парламентите на 29те земји членки“, изјави Столтенберг за „Политико Европа“.

„Можно е амбасадрите на земјите членки да го потпишат протоколот во текот на неделава. Некои држави членки како Словенија веќе добија зелено светло.“ изјави словенскиот амбасадор Јелко Кацин.

„Кога ќе го потпишеме протоколот за пристапување, Скопје ќе го добие своето место во Алијансата“, рече Столтенберг.

Тоа значи дека Македонија ќе учествува на сите клучни состаноци на НАТО, но само како посматрач, а полноправна членка ќе стане кога сите 29 земји членки ќе го ратификуваат пристапниот протокол, пренесува Танјуг.

„Минатиот пат ни беше потребна околу една година“, рече Генералниот секретар на Алијансата коментирајќи го зачленувањето на Црна Гора во 2017 година.

Како што пренесува МИА, и Кацин даде слична прогноза, дека македонското знаме би се веело пред седиштето на Алијансата до крајот на оваа година или најдоцна до почетокот на 2020 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This