Денеска е презентиран и извештај, попис на се она со кое располага обвинителството од прислушувани разговори. Пописот го направил Државниот обвинител Љубомир Јовески, па според пребројувањето, СДСМ на СЈО му дал вкупно 581.468 прислушувани разговори на хард диск и тој прецизиран податок влезе во предметот. Пописот ги содржи сите прислушувани броеви што се добиени од СДСМ, со датум на остварените комуникации.
Во еден момент обвинетата Гордана Јанкулоска праша:
„А за смс пораките имате? Некако мала е бројката што ја прикажувате”.
Јанкулоска е еден од најприслушуваните функционери во владата на Никола Груевски, и таа кажа дека е оштетена.
„СМС пораките се сите во еден фајл”, и одговори Ристоска.