Јозеф Штиглиц: Германија мора да се бори против Трамп ако не ќе доживее колапс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за весникот „Виртшафтвохе“ добитникот на нобеловата награда за економија Јозеф Штиглиц вели дека Германија мора да се спротивстави на претседателот на САД Доналд Трамп или западниот свет ќе се соочи со колапс, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

 germanija-88705-99680
– Ветувањата против договорите за слободна трговија што ги даваше Трамп во предизборната кампања може да ја урнат и германската економија која што е доминантно зависна од извозот, вели Штиглиц според кого ако Германија сака нејзиниот економски модел да преживее ќе мора да се бори.
Според нобеловецот има малку емпириски докази зад економските тези на Трамп кој е против слободниот увоз на странски прозводи во САД а не се противи на извозот на американски производи преку граница.
„Тој може да остава впечаток дека е идеолошки пуританец но господинот Трамп е пред се човек што сака да прави бизнис. На крајот прагматизмот ќе победи пред идеологијата“, вели Штиглиц за тоа колку е веројатно предизборните ветувања да станат реалност.
Сепак нобеловецот предупредува дека постои опаснот затоа што Трамп верува во своите економски аргументи во кои има многу пропусти. Штиглиц  вели дека сега постои опасност сето тоа што западните земји го имаат направено во последниве 60 години да се урне поради политиките на Трамп освен ако на нив не им се спротивстават заедно западните земји во прв ред Германија но и Републиканската партија чиј кандидат за претседател беше Доналд Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This