ЈП „Водовод и канализација“: Златко Марин покажа елементарно непознавање на водоводната мрежа во Аеродром

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното претпријатие за водовод и канализација Скопје демантира неколку информации кои биле дадени вчера од кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Златко Марин, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Марин во повеќе наврати покажува елементарно непознавање на водоводната мрежа во општината, состојбите во општината и локалната самоуправа или намерно, со предумисла ја злоупотребува темата за ситни политички поени“, се наведува во соопштението од претпријатието.

Во врска со водоводната мрежа на територија на општина Аеродром во продолжение ве известуваме за следново :

Со одлука на Град Скопје во 2007 год. беше направена корекција на цената на водата во насока на реконструкција на дотраената поцинкована и азбест цементна мрежа и за таа цел ЈП „Водовод и канализација“ Скопје (во својата инвестиционата програма започнувајќи од 2007 год. секоја година предвидува средства за реконструкција и замена на водоводни цевки (азбест-цементни и поцинкувани).

Предмет на реконструкција на постоечката водоводна мрежа (на територијата на Град Скопје а тука спаѓа и општина Аеродром), за која издвојуваме средства се: поцинкуваните цевки, азбест – цементните цевки (салонитни), дуктилно лиено – железните цевки, на кои имаме зачестени дефекти, односно со еден збор предмет на реконструкција се цевководи со несоодветен профил и материјал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This