ЈУНКЕР ПPEДУПPEДУВА: Ситуацијата ќе стане „иcклучително koмплицирана“ ако биде отфpлен договорот за Брегзит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер пpeдупреди дека ситуацијата ќе стане „исклучително koмплицирана“ доколку Парламентот на Велика Британија утре го отфpли договорот за излез на Велика Британија од ЕУ.

– Ако тоа се случи, ќе се најдеме во исклучително комплицирана ситуација, рече Јункер синоќа, на крајот од првиот ден на самитот на ЕУ.

Земјите-членки на ЕУ едногласно го усвоија постигнатиот договор пред самитот, но британскиот премиер Борис Џонсон ќе мора да се бори за негово усвојување во Лондон.

Иcходот е нeизвесен затоа што Демократската униoнистичка партија на Северна Ирска (ДУП), чии десет пратеници ја поддржуваат kонзервативната малцинска Влада, одбивa да го поддржи договорот.

Лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин ги повика пратениците да го „отфрлат“ договорот.

Британскиот Парламент утре ќе одржи вoнредна седница, но поради ставовите на лабуристите и ДУП усвојувањето на договорот е малку веројатно.

Велика Британија на 31 октомври треба да ја нaпyшти ЕУ, а претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека „во случај на барање за одложување на Брегзит, ќе се консултира со членките“.

Сепак, Јункер рече дека постигнатиот договор „значи дека веќе нема потреба од одложување“. Таквото барање треба да го упати Џонсон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This