ЉУБЧО МУ СЕ НАЛУТИ НА СТОЈАН АНДОВ: Кратенката ВМРО во името на партијата ја ставивме поради таквите како тебе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На текстот во „Фокус“ под наслов „Зошто Драган Богдановски беше против кратенката ВМРО  во името на новата партија?“, Стојан Андов посветува на прашањето: Зошто било потребно во 1990 година да се стави името ВМРО?

На неговиот текст експресно со реакција во најновиот број на неделникот излегува екс премиерот Љубчо Георгиевски.

– Господине Андов, еве ќе ви одговорам. Името ВМРО го ставивме поради таквите како тебе. Затоа што ти во таа 1991 година, партијата што ја водеше, ти се викаше Реформски сили на Југославија, затоа што беше еден од поголемите симболи на југословенството. И, треба да знаеш, секогаш кога зборувавме за Киро Глигоров како за голем Југословен и тебе те стававме во тој пакет, рамо до рамо со него. А такви како тебе имаше многу во тоа време и токму на таквите луѓе сакавме да им создадеме една експлозија во главата за да сфатат дека имало идеја за самостојна и независна Македонија, рече  Георгиевски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This