ЊУЈОРШКАТА БЕРЗА ЗАБЕЛЕЖА СЕРИОЗЕН ПАД: Американските финансиски пазари бележат огромен пад по средбата Трамп-Макрон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цените на акциите во САД бележат пад, по средбата на францускиот претседател Емануел и на американскиот претседател Доналд Трамп.

Индексот Дау Џонс падна 424 поени (1,7 проценти) на 24,025 додека индексот S & P падна за 35 поени (1,3 проценти). Техничките сектори не се многу подобри, Насдак паднаа за 121 поен (1,7 проценти).

Цените на суровата нафта, исто така, бележат сериозен пад, бидејќи “Макрон” ги зголеми надежите за спасување на нуклеарниот договор со Иран. Цените на нафтата се зголемија во последниве недели, по шансата Трамп да се повлече од Заедничкиот сеопфатен акционен план од 2015 година, со кој ќе се спречи производството на 1 милион барели сурова нафта дневно со обновување на санкциите за Иран.

“Се работи за почитување на суверенитетот на државите во регионот. Не станува збор за прекин договор, туку за нови моменти со што ќе се решат сите наши грижи”, рече Макрон на заедничката прес-конференција со Трамп во вторникот. Трамп има можност да го напушти договорот на 12 мај, кога треба да ја донесе одлуката. Додека Трамп се очекуваше да се откаже од договорот, , Макрон предложи нова рамка со која ќе се надополни договорот наместо целосно да се раскине.

Сепак, Трамп направи сè што можеше за да го увери Ријад дека не е сигурно дека ќе го обнови договорот со Иран. “Никој не знае” вели американскиот претседател.

Во меѓувреме, на пазарите на крипто валутите бележат голем раст, Биткоин се искачи за 6,13 проценти на 9.434 долари, додека втората најпопуларно крипто валута Етериум порасна за 10,80 проценти на 708 долари .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This