„ЊУ САЈЕНТИСТ“: Причината за Алцхајмеровата бoлeст најверојатно е откриена!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Причината за Алцхајмеровата бoлecт, како што пишува „Њу сајентист“, најверојатно, е пронајдена. Тоа се бактериите Porphyromonas gingivalis, кои се клучни причинители кај повеќето хронични зaбoлувaњa на мозокот.

Добрата вест е дека лекарство кое ги блокира основните тoкcини на бактеријата, ќе биде подложно на клинички тестирања годинава. А, истражувањата објавени на 23 јануари 2019 во списанието „Сајенс адвенс“ покажуваат дека лекот може да го запре, па дури и да го преобрати процесот на развојот на Алцхајмеровата болест. Тоа може да значи и создавање вакцина…

Имено, научен тим од Мелбурн веќе разработил експериментална вакцина против Porphyromonas gingivalis, којашто веќе мина дел од тестовите во 2018 година.

Една вакцина против зaбoлувaњaтa во мозокот е добредојдена, но ако таа дејствува и против Алцхајмеровата болест, придобивките ќе бидат огромни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This